Утрински Весник
Балкан

Пукање од возило во движење во Албанија, маж и жена убиени!

Pukanje vo vozduh.jpg

Вооружен инцидент се случи денеска во селото Балдрен, во близина на Лежа, во кој животот го загубија брачен пар.

Според првичните информации, врз возило „Ауди“ во движење, во кое се наоѓале сопружниците, било пукано со автоматско оружје од друго возило кое исто така било во движење. Напаѓачите по пукањето веднаш побегнале од местото на настанот.


Возилото било целосно изрешетано од куршуми, а двете жртви починале на самото место.

Мажот е идентификуван како Крешник Мујечи, кој според албанските медиуми имал криминално досие. Тој претходно бил уапсен во 2017 година како соучесник во убиство на 47-годишен маж извршено во 2016 година, заедно со неговиот брат.

Инаку, овој викенд во Албанија е бележан и зголемен број на трагични настани на патиштата, при што во сообраќајни несреќи животот го загубија пет лица, а десетина други се повредени.

Можете да прочитате

Тело пронајдено во буре во близина на Белград

ЕУ даде зелено светло за усвојување на ИБАР за Албанија

Улцињ: Казна до 500 евра за секој што ќе биде затекнат во костим за капење надвор од плажа