Две лица загинаа, а неколку се ранети во пукање што се случи во американската сојузна држава Вирџинија за време на церемонијата на доделување дипломи.
Маж вооружен со четири пиштоли уби две лица и рани пет други кога отвори оган врз толпата на церемонијата на дипломирање во Ричмонд, Вирџинија.
Полицијата соопшти дека го уапсила осомничениот, 19-годишник кој познавал една од жртвите и се верува бил скаран со неа.
Тој пукал во неа додека стоела во толпата, која штотуку го напуштила кампусот на Универзитетот Вирџинија Комонвелт, каде што се одржувале локалните церемонии за доделување дипломи, се вели во соопштението на полицијата.
Осомничениот побегнал од местото на настанот и бил уапсен, а кај него биле пронајдени четири пиштоли, од кои можеби три биле употребени.
Загинатите се на возраст од 18 и 36 години, а меѓу ранетите е 31-годишен маж, кој се здобил со повреди опасни по живот, додека други четворица на возраст од 14, 32, 55 и 58 години се повредени, соопшти полицијата.
Деветгодишно девојче било удрено од автомобил во паниката која настанала при пукањето, а при падот се повредени неколку лица, се наведува во соопштението.