Утрински Весник
Свет

Пукање на изборите во Пакистан

20240208115506 big 730x400 29.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Петмина полицајци загинаа, а двајца се повредени во вооружен напад во северозападен Пакистан, каде денеска се одржуваат парламентарни избори.

Вооружена група нападна полициски микробус во округот Дера Исмаил Хан. Сè уште никој не презел одговорност за нападот, но регионот е поранешен бастион на пакистанските талибанци.

Изборите се одвиваат под засилено обезбедување, а пакистанската Влада одлучи да го прекине мобилниот интернет на денот на гласањето.

– Набрзо по отворањето на гласачките места привремено е прекинат мобилниот интернет во цела земја поради безбедносни причини, соопшти Министерството за внатрешни рабпти.

Во вчерашните два бомбашки напада во близина на просториите на кандидатите во југозападната провинција Белуџистан загинаа 28 луѓе. Одговорноста за нападите ја презеде Исламска држава.

Околу 128 милиони регистрирани гласачи денеска треба да изберат 336 членови на федералниот Парламент и пратеници во собранијата во провинциите.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп