Утрински Весник
Спорт

Пујол и Рамос му дадоа поддршка на Пике: Не може да ти ја одземат среќата

Пујол и Рамос му дадоа поддршка на Пике: Не може да ти ја одземат среќата

Неочекуваното пензионирање на Жерар Пике сè уште е ударна вест во шпанските медиуми. Неговите долгогодишни партнери во одбраната Серхио Рамос и Карлес Пујол не останаа имуни на шокантната вест.

dobivaj vesti na viber

По речиси 800 одиграни натпревари и 15 сезони на врвно ниво, Пике се простува од фудбалот неколку месеци пред да го прослави својот 36. роденден.

Она што многумина ги изненади е неговиот потег да се збогува среде сезона. Натпреварот против Алмерија ќе биде последен меч во неговата кариера, а тој ќе се збогува од својата публика на „Камп ноу“ онака како што сонувал.

„Марка“ ги наведе причините за оваа шокантна одлука. Се наведува дека имало спортска, но и неспортска причина. Формата му падна целосно, Чави му даде епизодна улога и беше последен избор на позицијата стопер.

Поради прекинот со Шакира надвор од теренот, Пике има компликувана животна ситуација во моментот. Сепак, најмногу го погоди тоа што Барселона сакаше тој да си замине од клубот и не можеше да го поднесе тој притисок.

Пике воопшто не се чувствувал заштитен по оркестрираната кампања против него, особено по натпреварот против Интер во Лигата на шампионите. Дури и некои членови на раководството му приговарале дека платата е товар за клубот и дека ситуацијата ќе се нормализира со неговото заминување.

На крајот, се одлучи на потег што многумина го очекуваа, се збогуваше и со Барселона и со фудбалот затоа што повеќе не сакаше да живее во нервоза.

Некои информации велат дека Барселона со заминувањето на Пике ќе може да заштеди дури 50 милиони евра, што секако ќе биде големо олеснување за буџетот.

„Ти благодарам за сè, Гери. Во шок сум. Не беа фер кон тебе, само неколкумина го бранеа дресот на Барселона како тебе. Беше привилегија да играм со тебе, те сакам“, објави Пујол.

Се огласи и Рамос со кого Пике имаше многу недоразбирања во минатото, но се покажа дека имаат многу фер однос.

„Гери, ќе ти кажам на андалузиски: Не може да ти ја одземат среќата. Уживај во животот“, гласеше пораката на дефанзивецот на ПСЖ.

Пике во неколку наврати во минатото изјави дека еден ден ќе биде претседател на Барселона, па за неколку години е за очекување да се врати на „Камп ноу“, но во сосема поинаква улога.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ