Утрински Весник
Спорт

Првпат како капитен, Мбапе му даде пет гола на шестолигашот Пеј де Касел

Првпат како капитен, Мбапе му даде пет гола на шестолигашот Пеј де Касел

Килијан Мбапе, првпат со капитенската лента на Пари Сен-Жермен, беше нерешлива енигма за фудбалерите на шестолигашот Пеј де Касел, постигнувајќи пет гола во 0:7 победата на францускиот шампион во меч од Купот на Франција.

dobivaj vesti na viber

Тренерот Кристоф Галтие реши да го испочитува малиот клуб од централна Франција, поставувајќи го Мбапе како капитен во силниот состав. Ова на крајот се покажа како лоша вест за домаќините, кои примија дури седум гола.

На гостите им беа потребни речиси половина час за првиот гол, кога Мбапе го отвори резултатот, но потоа во следните 11 минути тој го комплетираше хет-трикот со голови во 33. и 40. минута, а Нејмар додаде еден гол во 34. минута. И во второто полувреме, „светците“ не сопреа – Мбапе во 56., Солер во 64. и уште еднаш Мбапе во 79. минута ја стресоа мрежата на нисколигашот.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина