Утрински Весник
Свет

Прво обраќање по состанокот на израелскиот воениот кабинет: „Планот на Иран не успеа“

Skynews Idf Rear Admiral Daniel Hagari 6329260.jpg
Ss2

Контраадмиралот Даниел Хагари ја започнува својата прес-конференција со најава дека правилата на Командата на домашен фронт, воспоставени синоќа, ќе продолжат и оваа вечер. Тој го пофали одговорот од „регионалниот сојуз“ кој помогна да се соборат 99 отсто од муницијата испукана од Иран врз Израел. Околу 350 проектили и беспилотни летала, тешки околу 60 тони, беа истрелани врз Израел минатата ноќ, вели тој. „Нивниот план (на Иран) пропадна“, додава тој. „Само неколку проектили успеаја да навлезат во израелскиот воздушен простор и предизвикаа многу мала штета на инфраструктурата на оваа база на воздухопловните сили. Израел ќе одговори на иранскиот напад, но сè уште не се донесени конечни одлуки за големината или времето на одговорот, изјави израелски претставник за NBC News. „Јасно е дека Израел ќе одговори, прашање е кога и до кој степен“, додаде функционерот по неколкучасовниот состанок на воениот кабинет.

Ss1

Можете да прочитате

Гутереш: Израелската офанзива во Рафа би била неподнослива ескалација на ситуацијата

Меѓународниот суд на правдата во Хаг одби да и нареди на Германија да ја стопира воената и друга помош за Израел

Трамп казнет со 9.000 долари поради коментирање сведоци во текот на судењето