
Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, во првата половина на август за да се остави простор да се пополнат испразнетите места на Народниот правобранител и на претседател на ДКСК, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши. Доколку Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска донесе предлог одлука за избор на Народен правобранител и се постигне договор имајќи предвид дека за оваа функција е потребено гласање и со Бадинтер, Гаши, вели, би можел да свика итна седница уште денеска.
-Оваа тема ќе биде предизвик за нас како Собрание. Првата процедура што се однесува до Народниот правобранител веќе е започната. Имавме јавен оглас, имаме 17 кандидати за таа позиција. Денеска требаше да заседава Комисијата за избори и именување и ако тие одлучат за име за кое би се сложиле со таа одлука би можеле да свикаме пленарна седница да одлучиме за тоа име. Ако не ќе треба да почекаме подобри времиња и усогласеност околу тоа кој ќе биде кандидат или кој ќе биде избран за Народен правобранител, рече Гаши.
За кандиат за народен правобранител Комисијата за избори и именувања денеска го утврди Фатон Сељами, кој треба да ја добие довербата од пратениците и на пленарно гласање.