Утрински Весник
Македонија

Меџити, Касами и Лимани кандидати за градоначалници од редовите на ВРЕДИ

Vredi.jpg

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани како и актуелниот градоначалник на Тетово, Билал Касами ќе бидат кандидати за градоначалници на коалицијата Вреди за локалните избори во октомври, пишува ИНА.

Како што пишува порталот на албански јазик, договорот е постигнат по вчерашната средба на лидерите на партиите членки на коалицијата.


Според договорот кандидати за градоначалници од коалицијата Вреди ќе бидат, во Чаир – Изет Меџити, во Тетово – Билал Касами, во Кичево – Фатмир Лимани, во Гостивар – Фадил Цана, во Сарај – Мухамед Елмази, во Дебар – Фисник Мела, во Боговиње – Фети Абази, во Теарце – Даут Мемиши, во Желино – Блерим Сејдиу, во Брвеница – Хаќим Рамадани, во Студеничани – Афет Јашари, во Липково – Неџмедин Садику, во Врапчиште – Хамит Шабани и во Арачиново – се очекува одлука меѓу двајца кандидати

Кандидатите за градоначалници се очекува формално да бидат потврдени и официјализирани од раководството на коалицијата Вреди

Можете да прочитате

Во Амбасадата на САД во Скопје одбележани 250 години од американската независност

Зулфикар Зејнулах предложен за министер од ТДП 

Возач од Тетово уапсен: Возел 177 км/ч на делница со ограничување од 80 км/ч