Утрински Весник
Македонија

Првиот вицепремиер Изет Меџити во официјална посета на САД

Img 20240908 Wa0000.jpg

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, престојува во официјална посета на Соединетите Американски Држави, каде на покана на Атлантскиот совет ќе учествува на 9. Состанок на министри посветен на Централната и Источна Европа на Конференцијата за енергетска безбедност.

Првиот вицепремиер Меџити ќе биде еден од главните говорници на Панел-дискусијата на тема „Трансатлантската политика за трговијата, енергетиката и климата, по изборна година”.

За време на престојот во Вашингтон, првиот вицепремиер Меџити ќе се сретне со претставници од државите учеснички на овогодинешната Конференција на Атлантскиот совет.

Можете да прочитате

Падна Фејсбук! – 24info.mk

Митева: Кочани е силен аларм за државата и доказ за системски пропусти што траеле години

Синдикален аларм: Недозволиво една третина од работниците со полно работно време да заработуваат под прагот на сиромаштија