Утрински Весник
Македонија

ПРВИОТ СИЛЕН ЕСЕНСКИ ЦИКЛОН ДОАЃА ПО 10-ТИ СЕПТЕМВРИ?! Би можел да донесе прв сериозен пад на температурите

Ecm1 240.gif

Почитувани мои, барем од она што може моментално да се види на прогностичките карти и од првичната анализа која ја направив со помош на најажурниот прогностички модел, Европскиот центар за Среднорочна прогноза (ECMWF), тоа е дека првиот силен циклон кој би се развил некаде над Италија и кај нас би условил обилни врнежи од дожд доаѓа по 10-ти септември.

Токму оваа промена на времето, би донела  и прв озбилен пад на температурите. Во ваква ситуација во Алпскиот регион би се појавиле  и првите озбилни врнежи од снег.

Состојбата околу ова постојано ќе ја следам, и секако навремено ќе бидете информирани за секоја ново – настаната временска состојба

Можете да прочитате

МВР поднесе кривична пријава против екс министерот Спасовски

За девет дена 6151 сообраќајни прекршоци, уапсени 44 возачи

Mигранти во Македонија нема да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ