Утрински Весник
Магазин

Првиот портрет на кралското британско семејство, по смртта на кралицата

Првиот портрет на кралското британско семејство, по смртта на кралицата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На Инстаграм профилите на британското кралско семејство е објавен нов официјален портрет на кралот Чарлс и кралицата Камила со принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт.

dobivaj vesti na viber

Портретот е направен во Бакингемската палата ден пред погребот на кралицата Елизабета.

„Нивното височество кралот и кралицата со нивното кралско височество, принцот и принцезата од Велс. Фотографиран во Бакингемската палата на 18 септември, од фотографот Крис Џексон“, стои во описот на сликата, која за помалку од 24 часа по објавувањето имаше повеќе од 700 илјади лајкови на Инстаграм.

На фотографијата двата пара изгледаат опуштено, насмеани, а кралот ја има раката во џеб. Неколку моменти откако беше направена оваа фотографија, тие одржаа прием за светските лидери кои дојдоа во Лондон на погребот. Зад нив е портретот на Џорџ III, кој ја купил Бакингемската палата со намера да го направи негово повлекување.

„Сликата сугерира дека се уште може да има моменти кога кралското семејство може да се повлече од должноста“, пишуваат британските медиуми и додаваат дека ова е фотографија која го симболизира почетокот на владеењето на Чарлс.

Можете да прочитате

Фондацијата Брижит Бардо ја продолжува мисијата на актерката

Најинтересните часовници за 2025 година: Смелиот дизајн и живописните бои го освојуваат пазарот

Гвинет Палтроу откри зошто одбила 18+ сцена со Итан Хо