Утрински Весник
Македонија

Први фотографии од приведувањето на сопственикот на „Пулс“ – Деко под истрага

Screenshot 20250326 154220 Facebook.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за внатрешни работи спроведе опсежна акција во Кочани, при што беше извршен претрес во домот на Дејан Јованов, познат како Деко, неговото возило „Инсигниа“ и два угостителски објекти – дискотеката „Пулс“ и кафе-барот „Класик“.

Запленети електронски уреди и финансиска документација

Покрај претресите во неговиот дом и локали, полициските службеници влегоа и во канцеларијата на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во Кочани, каде што пребаруваа документација поврзана со фирмите во сопственост на Јованов.


„Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лаптопи, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото, како и од угостителските објекти. Пронајдена и одземена е и финансиска документација. Во канцеларијата на ДПИ – Кочани, одземени се компјутер, лаптоп, таблет и целокупната документација поврзана со правните субјекти на Д.Ј.“, соопштија од МВР.

Испитување на неговото семејство

Полицијата вчера повика на распит и неговата сопруга и ќерка, а во тек е анализа на собраните докази.

Кафе-барот „Класик“, кој беше цел на претресот, беше демолиран за време на протестите што се случија ден по трагичниот пожар во Кочани, во кој загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени. Истражните органи продолжуваат со проверките за потенцијална поврзаност на Јованов со одредени нерегуларности или незаконски активности.

Можете да прочитате

СДСМ прашува: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

Ново рочиште за предметот „Пулс“ – ќе сведочат оштетените

За новогодишната ноќ ќе имаме сув студ