Утрински Весник
Македонија

Првата половина од февруари ни носи многу поладно време, но без некои обилни снежни врнежи

Meteoalarm.mk 8 1.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Попоски:

Според она што можам моментално да го кажам, прогностичките материјали во моментов ни цртаат дека првата половина на февруари месец ќе го поминеме во знакот на многу поладно време, повремено ќе засилува ветерот од северен правец. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, повремено подолги. Исто така, повремено и локално ќе има услови за сосема слабо проврнување на дожд и снег, или појава на слаб снег.


И во Скопскиот регион не очекува слично време, ладно, променливо облачно и со сончеви периоди. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро насекаде ќе се спуштаат под нулата, а во делови од Македонија, особено во Беровскиот регион, повисоките места, планините, секако вклучувајќи ги и Скијачките центри, тие ќе се спуштат до околу, па и под -10 степени. Максималните дневни температури на воздухот, исто така ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9/10 степени, и тоа во најтоплите југоисточни предели од нашата Македонија.

Да напоменам, овој ладен воздушен бран, кој е релативно сув, се спушта од источните  и од североисточните предели на Европа.

Можете да прочитате

Виолетова зона над Скопје: Екстремно загаден воздух со AQI 210 – воздухот опасен за здравјето!

Грчкото МНР реагира на изјавите на Мицкоски за името Македонија

Фатих Шахбаз застанува на чело на Халкбанк