Утрински Весник
Македонија

Првата половина на јули ќе се знае кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО – ДПМНЕ

20250601132312 big 730x400 64.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по посетата на реконструираното одделение за систематски преглед во Институтот за јавно здравје најави дека следната недела би требало да се заврши процедурата за именување на новите министри во Владата.

Првата половина на јули, информира тој, ќе се знае и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, од редовите на ВМРО – ДПМНЕ.


На новинарско прашање дали за кандидат за градоначалник на Градот Скопје ќе биде министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски или трето лице и што говорат внатрешните партиски анкети, Мицкоски дециден дека партијата се уште не донела одлука кој ќе биде кандидатот за градоначалник на Град Скопје.

– Но, од она што можам да го видам од анкетите, кој и да биде кандидат, е секако подобар од најдобриот од страна на опозицијата, изјави премиерот Мицкоски.

По барање на новинарите за коментар за изјавите и критиките кон Владата од страна на Арбен Таравари, премиерот Мицкоски одговори дека „за жал тој самиот за себе претставува едно големо разочарување“.

Можете да прочитате

МНР објави телефони за помош на наши државјани кои се наоѓаат во Израел и во Иран

Здруженија за заштита на животни организираат протест пред Министерството за внатрешни работи

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава