Утрински Весник
Балкан

Прва седница на новиот бугарски парламентарен состав

20241111073606 Big 730x400 97.webp.webp

Новоизбраниот бугарски парламентарен состав (51. Народно собрание) ќе ја одржи претпладнево првата седница. согласно указ од 5 ноември на претседателот Румен Радев, јави БТА.

Првата седница на Националното собрание ќе ја отвори најстариот присутен пратеник – во 51-от парламент тоа е Силви Кирилов од „Има таков народ“ кој има 73 години доека најмладиот е од ГЕРБ-СДС и има 24 години.

Се очекува претставниците на парламентарните сили да дадат изјава за приоритетите и намерите на нивните групи. Потоа ќе започне процедурата за избор на претседател со 51. Народно собрание, кој ќе претседава со седницата и ќе одржи говор. На дневен ред е и избор на потпретседатели на парламентот.
Бугарскиот Парламент има 240 пратеници.

Можете да прочитате

Вучиќ: Во Србија нема ограничувања за купување гориво, државата се откажува од акцизи

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија

Директорот на затворот во Рогижина, Албанија  одгледувал марихуана, по него распишана потерница