Утрински Весник
Македонија

Прва мала снежна покривка на Водно

Vodno Sneg.jpg

Утринава на Водно е забележана првата мала снежна покривка, проследена со магла. Од камерите поставени од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ се гледа дека на врвот има снег, а снежни наноси се забележани и во некои зимски туристички центри. Поради овие наноси, на патниот правец Кратово – Пробиштип е воведена забрана за движење на тешки моторни возила, соопштува Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Забраната за движење е воведена од 7 часот, додека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, но со претежно влажни коловози. Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека на патните правци низ клисури и усеци е можно присуство на поситни одрони, поради што апелираат на внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација.

Можете да прочитате

НАЈНОВА МЕТЕО НАЈАВА: Променливото време во Македонија ќе продолжи, нема на повидок поголемо затоплување на времето!

Вечерва нова епизода од подкастот ЗРАК со Д-р Марина, се зборува за аерозагадувањето

Во Маврови Анови највисока снежна покривка од 68 см