Утрински Весник
Скопје

Прв фестивал за женско здравје во Скопје

20240513194401 Big 730x400 71.webp.webp

Фестивал за женско здравје за првпат ќе се одржи в недела во организација на граѓанската организација „Младите можат“, со поддршка од „ДМ дрогерии“. Како што е најавено, настанот ќе содржи партиципативни и интерактивни сесии дизајнирани да се осврнат на различни аспекти на здравјето и зајакнувањето на жените.

– Примарната цел на проектот е да ги поттикне младите девојки и жени – на возраст од 15 до 29 години во Северна Македонија, да преземат одговорност за нивното физичко и ментално здравје преку информиран избор и холистички практики на начин на живот. Проектот има за цел подигнување на свеста кај младите девојки за важноста на здравите навики во исхраната, физичката активност и регуларен сон, промовирање на грижата за менталното здравје и практикување ментална хигиена, нагласувајќи го управувањето со стресот, стратегиите за справување со менталните состојби и емоционалната благосостојба, потоа едуцирање на младите девојки за здрави родителски практики, поттикнувајќи негувачка средина и за нив и за нивните идни семејства, како и креирање на заедници за поддршка каде што младите девојки можат отворено да разговараат за теми поврзани со здравјето, да бараат насоки и да градат мрежа на врсници, вели Филип Ивковски, програмски координатор за ментално здравје во „Младите можат“ за МИА.

Организаторите најавуваат низа содржини фокусирани на потребите на жените и девојките како катче за ментално здравје, катче за физичка активност, катче за здрава исхрана, катче за грижа за тело и детско катче. 

Можете да прочитате

Цела вечер ќе нема пола Скопје вода – Водовод ја затвора едната Ф1600

Ангелов бара пешачки премин или изградба на кружен тек на булеварот Србија кај трговскиот центар Џевахир

Ангелов бара пешачки премин или изградба на кружен тек на булеварот Србија кај трговскиот центар Џевахир