Утрински Весник
Магазин

Прв фестивал за миленици – „Скопје пет фест“

Прв фестивал за миленици – „Скопје пет фест“

На 17-ти септември во Градски Парк Скопје за првпат ќе се одржи „Скопје Пет Фест“- најголемиот регионален настан за сите љубители на животните.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот е замислен како семеен настан за деца, возрасни и нашите крзнени пријатели, со богата едукативна и забавна содржина – едукативни работилници за деца, маскоти со омилените ликови од анимираните филмови, едукативни и интерактивни предавања за одговорно сопствеништво, сведоштва за вдомени миленици, документарен филм за дивиот животински свет, кино проекција, музика и многу забава за сите посетители.

Целта на фестивалот е да се подигне јавната свест за чување на миленик, како и од најмали нозе децата да имаат повеќе љубов и емпатија кон животните.

Почетокот на Скопје Пет Фест е од 11:00, а ќе трае до вечерните часови. Локацијата е во стариот дел на Градски Парк на летната сцена „Лепеза“, а влезот е бесплатен за сите посетители.

Можете да прочитате

Светските океани достигнаа рекордно висока температура во јули

Пет животни лекции што повеќето луѓе ги учат предоцна

Шест знаци дека вашето дете мисли дека сте одличен родител