Утрински Весник
Балкан

Протест во Белград: Се бара одговорност од власта за несреќата во Нови Сад

852ae44d 40de 46ef B379 348b6624dfcc.jpg

Дел од демонстрантите ги обоија рацете со црвена боја, сакајќи симболично да им порачаат на властите дека „рацете им се крвави“.

Неколку стотици луѓе се собраа пред Министерството за градежништво во Белград во знак на протест поради несреќата во Нови Сад во која животот го загубија 14 лица, а три лица беа тешко повредени при уривање на бетонската настрешница на железничката станица.

Насобраните граѓани бараат оставка од ресорниот министер Горан Весиќ и ги повикуваат надлежните органи на одговорност за несреќата

Можете да прочитате

РЕКОРДНА ЗАПЛЕНА ВО БИХ: Паднаа 1,1 тон дрога вредна до 33 милиони евра

САД и ЕУ реагираа по пресудата за Тачи: Да се почитува судот, да нема тензии

Рама: Пресудата за Тачи и водачите на ОВК е срамна