Утрински Весник
Македонија

Протест на вработените во АД Пошта

Poshta.webp.webp

Вработените на АД Пошта денеска во сите подружници во земјава ќе одржат протест барајќи исплата на платата за април и итно отпочнување на реформи за реорганизација и оптимизација во работењето.

– Поради сериозноста на состојбите во која е доведено опстојувањето на АД Пошта на РСМ, зачувувањето на работните места на вработените и егзистенцијаta на нивните семејства, синдикалните организации и вработените на ден 22.05.2024 год (среда) со почеток на работното време од 08.00 чaсот ќе одржат протест во сите подружници во Македонија, велат од синдикатот на АД Пошта.

Вработените, како што наведуваат од синдикатот, со протестот ја отпочнуваат постапката за штрајк.

Можете да прочитате

Промовирана иницијативата за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник

30 дневен притвор за Илчо Горѓиоски, пет лица во бегство

Кривична пријава против директор на детска градинка во Штип, го оштетил буџетот за над 120.000 евра