Утрински Весник
Македонија

Протест на Синдикатот на културните работници

Skrzm.png

Министерот за култура Зоран Љутков ги остави вработените во културата без плата за време на велигденските празници. Токму поради оваа причина денес беа организирани протести пред министерството за култура.

„Храбро се бореа да зачуваат една специфична традиција, традиција на протести во април на културните работници. Како и секоја година и оваа, министерот се појавува како инструмент во нивните раце, а овојпат е културен деец, кој се самоопредели дека е ненадлежен, кој со едно извинување по свршен чин не го поправи самиот чин“, рече Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот за култура, а присутните извикуваа „уа, уа!“.


Тие порачаа дека бараат крај на понижувањето.

„Културата нема да молчи, нема да се плаши, ние сме културата, ние сме гласот кој не можете да го загушите. Културата не е ваш проект, културата е народот, културата сме сите ние тука, кулутрата е отпор. Ако државата не сака да нѐ чуе преку институциите, ќе нѐ гледа на улица“, додаде Атанасовска.

Можете да прочитате

Филипче: Приоритет на СДСМ е да номинира личности кои уживаат висок углед во своите заедници, имаат реална поддршка и поседуваат капацитет да ја остварат програмата

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка

Филипче: Правото на протест е загарантирано, но не смее да се злоупотребува