Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Проширена истрагата за пожарот во Кочани – упасени се Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири

Puls.webp.webp
Img 7972

Во рамки на истрагата за трагичниот пожар во Кочани во кој загинаа 61 лице, полицијата ги привела поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, кадри на ДУИ, како и актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу, дознава „360 степени“ од извор во истрагата. Меѓу уапсените е и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кадар на ВЛЕН.

Според нашите информации, истрагата се проширува за 23 нови осомничени. Деветнаесет од нив се приведени или се приведуваат. Од нив за еден е утврдено дека не е во земјава. Станува збор за Дритон Кучи, исто така поранешен министер за економија како кадар на ДУИ, кој во моментов е амбасадор на земјава во Кралството Норвешка.


Според начинот на кој Обвинителство ја води истрагата, сомневањата се дека во Министерство за економија и во ДЗС, но не и кај раководството на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), постои причинско-последична врска од 2012 г. до моментот на пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.

Според нашите информации, сите што биле министри за економија и директори на ДЗС од 2012 година, вклучително и актуелниот директор на ДЗС, се уапсени. Актуелниот министер за економија Бесар Дурмиши не е осомничен, пишува „360 степени“.

Во ОЈО Кочани во тек е истражна постапка во врска со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани кој се случи на 16 март.

За трагедијата во т.н. кабаре во Кочани, локалното Основно јавно обвинителство отвори истрага против вкупно 27 физички и три правни лица.

Можете да прочитате

Отворен повикот за натпреварот „Средношколец милионер“, најдобрата средношколска бизнис идеја ќе добие 1 милион денари

Филипче: Битола четири години е запустена, време е за промена со Куновски и тимот на СДСМ

Венецијанската комисија препорачува ограничување на мандатот на јавниот обвинител и негов избор со квалификувано мнозинство