Утрински Весник
Свет

Просечната температура во 2024 година го надмина прагот од 1,5 степени

20241107070658 Big 730x400 67.webp.webp

Оваа година ќе биде најтоплата во историјата и прва во која просечната температура била за повеќе од 1,5 степени потопла од просечната температура во прединдустрискиот период, објавија европските научници.

Агенцијата на ЕУ „Коперник“ проценува дека просечната глобална температура во 2024 година би можела да биде за 1,55 степени повисока од прединдустрискиот просек, во споредба со 1,48 степени во 2023 година. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш веќе зборуваше за „климатски колапс“.

-По десет месеци, 2024 година речиси сигурно дека ќе биде најтоплата досега и прва со температури над 1,5 степени над прединдустриските нивоа, рече директорката на агенцијата, Саманта Бургес.

КОП29 (COP29) започнува в понеделник во Баку, Азербејџан.

На климатската конференција во Париз во 2015 година, земјите се согласија да го ограничат глобалното затоплување под два степени и идеално на 1,5 степени Целзиусови. 

Можете да прочитате

Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико

Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

УНРВА: Во северниот дел на Појасот Газа нема вода, храна и лекови