Утрински Весник
Македонија

Просечната нето-плата за август изнесувала 45.310 денари

Denari Pari.jpg

Во август 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45.310 денари, соопштија од Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец е 68.180 денари.

Оттаму додаваат дека во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 10,3 %.


– Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита за 14,6 %, образование за 14,5 % и административни и помошни услужни дејности за 14,1 %. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: уметност, забава и рекреација за 5,2 %, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4,7 % и рударство и вадење камен за 4,5 % – стои во соопштението.

Можете да прочитате

МИСТЕРИЈА ВО КОЧАНИ: Дрон двапати влетал во спална соба – семејството тврди дека ги снимал додека спиеле

Мицкоски: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

ДУИ: Ахмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница