Утрински Весник
Македонија

Просечната нето плата во септември 41.585 денари

Denari Pari.jpg

Нето платата во септември е зголемена за 9,8 проценти во споредба со истиот период лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Според статистичките податоци, во септември просечната исплатена нето-плата по вработен изнесувала 41 585 денари.

Зголемувањето се должи пред сѐ на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите административни и помошни услужни дејности каде има зголемување за 12,6 проценти, во преработувачка индустрија, како и во секторот уметност, забава и рекреација.

Во однос на август годинава, зголемување во септември е забележано во секторите рударство и вадење на камен, административни и помошни услужни дејности и преработувачка индустрија.

Просечната бруто-плата по вработен во септември изнесувала 62 573 денари.

Можете да прочитате

Средба на Еди Рама и Али Ахмети во Скопје – „Нема поделба на европскиот пат“

(Видео) Изгаснат пожарот на галијата во центарот на Скопје

Латас до Костадинов: Поттикот за убиство извршено од друг е кривично дело