Утрински Весник
Балкан

Просечната нето плата во Црна Гора стаса до 821 евро

Evra.jpg

Просечната нето плата во Црна Гора e 821 евро. Kaко што објави Монстат, просечната плата во февруари изнесувала 821 евро и е за 0,2 отсто поголема од јануари. Споредено со истиот месец минатата година, просечната нето плата во февруари има раст од 6,4 отсто.  Просечната бруто плата во февруари изнесува 1.030 евра.Раст има на платите во стручните, научните и техничките дејности за 4,4 отсто, во дејноста со недвижности за 4,2 отсто, водоснабдување, управување со отпадни води, контрола на процеси, отстранување отпад и слични дејности 2,8 проценти, финансиски и осигурителни дејности 2,7 отсто, информации и комуникации 1,6 отсто, снабдување со електрична енергија, гас и пареа 1,5 отсто, трговија на големо и мало, во поправка на моторни возила и мотоцикли 1,2 отсто, ископување руда и камен 0,8 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство, градежништво и државна управа и одбрана по 0,5 отсто. Црна Гора има повисоки плати од Македонија, Србија, БиХ.  Просечната нето плата во земјите од поранешна Југославија во декември 2023 година беше највисока во Словенија (1.530 евра), а најниска во Македонија (649 евра). На второ место е Хрватска (1.191 евро), Србија  има просек од 811,3 евра, Босна и Херцеговина 654 евра. 

Можете да прочитате

Српската актерка Слобода претепана – пренесена во Ургентен центар во Белград

Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода

Масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил