Утрински Весник
Економија

Просечната нето плата исплатена во февруари изнесува 39.276 денари

Denari Pari.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58.967 денари. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава изнесувала 39.276 и во однос на февруари минатата година е повисока за 16,5 отсто, објави Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.9 проценти), административни и помошни услужни дејности (22,5 проценти) и уметност, забава и рекреација (20,4 проценти). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: транспорт и складирање (10,1 процент), рударство и вадење на камен (7,2 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (6,3 проценти).

Можете да прочитате

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Мицкоски: Имаме најниска инфлација во Европа

Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити