Утрински Весник
Балкан

Просечната декемвриска пензија во Србија ќе биде зголемена за 50 евра

Penzioneri.jpg

Просечната пензија за декември во Србија ќе биде зголемена за 12,2 проценти и ќе изнесува околу 56.860 динари, односно 485 евра. Директорот на Српскиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО), Реља Огњеновиќ потенцираше дека ќе биде поголема за околу 6.000 динари.

Тој за најновото издание на „Гласот на осигурениците“, билтенот на Фондот ПИО, изјави дека Фондот ќе се обиде да ги исплати зголемените пензии на сите корисници веќе во првите работни денови по Нова година.

„Овој метод на прилагодување е најповолен за корисниците. Благодарение на растот на БДП од јули 2024 до јуни 2025 година, учеството на нето пензиите во БДП е помало од 10 проценти, а со примена на формулата за прилагодување од Законот за ПИО, се добива процент од 12,2 проценти“, истакна тој.

Додаде дека фондот ги обезбедил парите за исплата на зголемени пензии со финансискиот план за 2026 година.

Можете да прочитате

Уапсени десет лица во Грција за нелегален софтвер на бензински пумпи за точење помалку гориво од прикажаното

Албанија во 2025 година ја посетиле над 12,4 милиони странци

Бугарскиот претседател Румен Радев поднесува оставкa