Утрински Весник
Балкан

Пропадна иницијативата на ДПК за распуштање на Парламентот на Косово

20240530085456 Big 730x400 25.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пропадна иницијативата на Демократската партија на Косово (ДПК) да се распушти собранието и во Косово да се одржат предвремени избори, најрано на почетокот на јули, бидејќи опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината на Косово ( АБК) не ја поддржа таа иницијатива, изјави лидерот на ДПК Мемли Красниќи.

Воедно, неодржувањето предвремени избори од владејачката Самоопределување го оценија како потврда за добро менаџирање од страна на актуелната власт.

-Денеска, 29 мај, како што наведов како краен рок во писмото упатено до тројцата политички лидери на албанските парламентарни партии, ве известувам дека можноста за распуштање на Собранието на Косово е веќе исцрпена, рече синоќа Красниќи, пренесе Бета.

Тој го изрази своето изненадување од неподготвеноста на ДСК и АБК да учествуваат на изборите и иронично рече дека тоа е „изгубена шанса“.

-Не паметам друг случај во историјата на парламентарна демократија кога власта вели „ајде на избори, ние сме подготвени“, а опозицијата вели „не, продолжи го мандатот до крај“, изјави Красниќи.

Можете да прочитате

Две лица загинаа во пожар во Атина

Во Албанија минималната плата ќе изнесува 510 евра

За парламентарниот изборен процес во Косово ангажирани 100 обвинители