Утрински Весник
Македонија

Пронајдено возилото „поло“ од кое било пукано во Тетово

Screenshot 2024 04 12 114528.png

На 11.04.2024 во 22.45 часот во СВР Тетово, М.Т. од Тетово пријавил дека од патничко возило „фолксваген поло“ во движење од огнено оружје било пукано кон неговата куќа на улица „Илинденска“ во Тетово. Повредени лица нема, а биле направени ошетувања на влезната врата и ѕидовите од куќата. Увид бил извршен и по преземени мерки околу 01.35 часот на 12.04.2024 на патот Тетово-Попова Шапка возилото било пронајдено. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека претходно било пријавено дека околу 22.30 часот со закана со огнено оружје возилото „поло“  било одземено од Ф.Е. и неговиот татко Н.Е.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Колку години треба да работите за да купите стан од 60 м²?

Андоновски: Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми

Од пријавени 248 гласале 242 болни или изнемоштени лица