Утрински Весник
Свет

Пронајдени тела на шест заложници во ноќна операција на израелската армија во Газа

20240820094151 Big 730x400 69.webp.webp
Dik 300x250 mk

Војската на Израел (ИДФ) соопшти дека пронашла тела на шестмина заложници во операција во текот на ноќта во Газа.

„Телата на заложниците беа извлечени од областа Кан Јунис во Газа. Тие беа киднапирани од Хамас на 7 октомври. Операцијата за спасување беше овозможена со прецизни разузнавачки информации од ИСА, разузнавачките единици и штабот за заложници на Дирекцијата за разузнавање на ИДФ. Ќе продолжиме да работиме за да ги вратиме сите преостанати заложници дома. Нашите срца се со семејствата на овие жртви на тероризмот на Хамас“, се вели во објавата на ИДФ на Х.

Соопштението на ИДФ е објавено во момент кога американскиот државен секретар Ентони Блинкен го повика Хамас да се согласи со предлогот за прекин на огнот во Газа, откако доби поддршка од Израел.

Зборувајќи по состанокот со израелскиот премиер, Блинкен рече дека израелскиот Бенјамин Нетанјаху се согласил со предлогот – што ќе доведе до прекин на огнот и враќање на израелските заложници.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа