Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пронајден мажот од Битола кој беше пријавен за исчезнат

Пронајден мажот од Битола кој беше пријавен за исчезнат
300x250 opst2

Пронајден е 78-годишниот маж од Битола кој беше пријавен за исчезнат од страна на неговата сопруга.

dobivaj vesti na viber

Синоќа по добиена пријава во 21.11 часот од страна на 76-годишна жена, според која нејзиниот 78-годишен сопруг, кој имал здравствени проблеми, во 13.00 часот излегол од нивниот дом во Битола и не се вратил дома, од страна на полициски службеници од СВР Битола веднаш се преземени мерки за негово пронаоѓање, велат од МВР.

Во текот на потрагата извршено е пребарување на поширок периметар во и околу Битола и за два и пол часа од добиената пријава, поточно во 23.45 часот, на патот Битола – Пелистер, поконкретно на патот за с.Нижеполе, лицето е пронајдено во добра здравствена состојба и безбедно вратено во домот.

Можете да прочитате

Мицкоски најавува БРТ и големи инфраструктурни промени во Скопје

Калајџиев: Опасно е што обвинението за пожарот во Кочани е нарачка од политиката, а не грешка

Филипче: Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс