Утрински Весник
Култура

Промоција на книгата „Пештера“ од Максим Ристестки

Промоција на книгата „Пештера“ од Максим Ристестки

Културно-Информативниот Центар – Скопје, најавува промоција на книгата „Пештера” од Максим Ристески, издадена од издавачката куќа “ИЛИ-ИЛИ” на ден 17.10.2022 година со почеток во 19:19 часот во Салон – Империјал 2.

dobivaj vesti na viber

Книгата ќе ја промовираат Игор Анѓелков и Владимир Мартиновски.

Во романот „Пештера” е особено маркантен интертекстуалниот елемент, во кој во преден план се ставени судбините на протагонистите исправени пред крупни одлуки, а меѓу многубројните интертекстуални назнаки и алузии доминираат библиските. Оттука, би можеле да констатираме дека романот на Ристески во многу елементи е нестандардно и оригинално дело во современата македонска литература.“

Максим Ристески (Скопје, 1973) со пишување се занимава повеќе од 30 години, како новинар, копирајтер, текстописец, сценарист… Бил музичар, а продолжува да се занимава и со ликовна уметност. „Пештера“ му е прв роман, чиј зародок долго се формирал, но кога дошло вистинското време, го напишал во еден здив.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“