Утрински Весник
Македонија

Променливо време со привремен дожд

Dozd sneg.jpeg

Променливо облачно време со дожд и јужен ветер, температурите во пораст Текст: Денеска во Македонија времето ќе биде нестабилно, со променлива облачност и повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а на одредени места и засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат меѓу 2 и 7 степени, додека дневните ќе се искачат од 8 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со можност за повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 2 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени. Во наредните денови, под влијание на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и потопло време, со повремени локални врнежи. Поинтензивни врнежи од дожд се најавуваат кон средината на следната седмица. Ветерот ќе биде умерен до засилен од јужен правец, а температурите ќе продолжат да растат, особено утринските, кои насекаде ќе бидат над нулата.

Можете да прочитате

Ново рочиште за пожарот во „Пулс“, продолжува сослушувањето на сведоци предложени од Обвинителство

Претежно облачно со слаб локален дожд

Пола Скопје без стрија – 24info.mk