Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, во утринските часови наместа ќе провејува слаб снег

Oblacno.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови наместа ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

До вторник ќе биде претежно облачно и суво, а во среда ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. До крајот на неделата во утринските часови ќе има појава на магла во одделни котлини

Можете да прочитате

СДСМ: Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ продолжуваат преку Шилегов

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски?