Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд

Vreme 2.webp.webp

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 10 степени.


Во понеделник времето ќе биде облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд и услови врнежите повремено да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од вторник ќе има постепено разведрување, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури.

Можете да прочитате

Од денеска во Охрид заеднички патроли на македонски и српски полициски службеници

Левица ќе иницира разрешување на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска

Зголемен број на возила на Богородица, отворени пет ленти за излез и влез во Македонија