Утрински Весник
Политички Партии

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни (над 30 л/м2) и на места проследени со грмежи. Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер (над 70 км/час) и ќе биде релативно топло.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје и во околината се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часовии. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 14 степени.

Од петок ќе има значително заладување и врнежите од дожд на повеќе места постепено ќе преминуваат во снег. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала, особено во сабота и во некои пониски места.

До средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт