Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

D0bfd180d0bed0bcd0b5d0bdd0bbd0b8d0b2d0be d0bed0b1d0bbd0b0d187d0bdd0be d181d0be d0bfd0bed0b2d180d0b5d0bcd0b5d0bdd0b8 d0b2d180d0bdd0b5 63de6f7826ed1.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи и пообилни во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, проследени повремено со грмежи. Од денеска до петок врнежите наместа ќе бидат пообилни и повремено поројни. Денеска температурите преку денот ќе бидат за 3 до 5 степени пониски, а потоа температурата ќе биде во постепен пораст.

Можете да прочитате

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

Мицоски: За мене Македонија е свето име