Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со повремен дожд

Dozd.jpg

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно каде врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.


Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 16 степени.

УХМР соопшти дека под влијание на циклонска активност до крајот на месецов времето ќе биде променливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд.

-Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 70 километри на час), особено од четврток. Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 литри на квадратен метар), информира УХМР. 

Во Скопје, до крајот на месецов времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Според прогнозата на УХМР, во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат пообилни и поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.

Можете да прочитате

Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД

Љутков: Доцнењето е поради долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата, извинете за оваа непријатност

Растат црните статистики: Bо 2024-та загинале 142 лица, најчесто поради брзо возење