Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно, попладне дожд и грмежи

Vreme.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 18 степени.


До сабота ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела поради продор на студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и на повисоките места.

Можете да прочитате

Николоски: Денешниот ден треба да не потсети на хероите кои во 2001 година го положија животот бранејќи ја Македонија

Зајакната акциска контрола на МВР – санкционирани 60 возачи кои возеле под дејство на алкохол

Над еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото