Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Vreme.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во понеделник и вторник ќе дува засилен до силен ветер кој наместа во западните делови ќе надминува брзина од 60 километри на час.

Можете да прочитате

ДЗР: Наплатените придонеси не се доволни за покривање на дефицитот во пензискиот систем на државата  

Чавушоглу: Oд Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара да прифатат дека не се Македонци

Филков до опозицијата: Во првите две години носиме повеќе од 30 реформски закони со кои ги исправаме долгогодишните слабости во системот