Утрински Весник
Македонија

ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА ОД ПЕТОК (19.7.2024) – Се очекува развој на грмотевични облаци и невреме

Sun1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски: 

Според најновите прогностички материјали со кој располагам, промена на времето во Македонија очекуваме од петок попладне, кога на повеќе места во Македонија се очекува развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Услови за развој на грмотевични облаци ќе има и во четврток попладне, но особено во планинските предели.

Локално се очекува  и појава на невреме кое ќе биде проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, краткотрајно силен ветер и со појава на град. И во Скопската котлина од петок попладне растат условите за развој на грмотевични облаци, а во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме.

Но сепак, и околу оваа промена на времето, не се очекува некој поголем пад на температурите на воздухот, ќе има освежување но тоа ќе биде релативно минимално. Топлото време ќе продолжи и понатаму во Македонија.

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње