Утрински Весник
Македонија

Пролетно сонце во Македонија: Нè очекуваат натпросечни температури

Meteoalarm.mk 9.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес и утре (6/7 март 2026) територијата на Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на релативно топла  и стабилна воздушна маса од југ која ќе услови да имаме претежно сончево и релативно топло време преку ден со слаб до умерен ветер од променлив правец. Ќе има  и појава на мала локална облачност.


Во Скопје  и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време и релативно топло преку ден.

Што се однесува до температурите тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени и ќе бидат над просекот за овој период од годината. Тоа значи дека преку ден не очекува вистинско пролетно време.

Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта до близу 0 степени а преку денот таа ќе се искачува до околу 17 степени.

Можете да прочитате

Анкета на Клиниката за психијатрија: 40 % испитаници имаат роблеми со спиењето

Началникот на ГШ на АРМ се сретна со заменик-претседавачот на Здружениот Генералштаб на Вооружените сили на САД

СДСМ: И Пуцко Петрол од ДУИ на состанок со Мицкоски во Владата