Утрински Весник
Македонија

Професорката Билјана Ангелова е нов ректор на УКИМ

Професорката Билјана Ангелова е нов ректор на УКИМ

Професорката од Економскиот институт Билјана Ангелова е нов ректор на УКИМ.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, таа има освоено убедливо најмногу гласови. Двојно помалку гласови има професорот на ФЕИТ Димитар Ташковски, а на последно шесто место е професорот Ратко Дуев.

Во следните три работни дена кандидатите ќе имаат можност и да поднесат приговор. Доколку има потреба од прегласување, тоа ќе биде спроведено на 9 јуни, а конечните резултати од изборите треба да бидат соопштени на 15 јуни.

Ангелова претходно најави дека нејзината визија за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е тој да прерасне во отворен Универзитет со европски вредности и видлив на меѓународниот високо-образовен и научноистражувачки простор. Трансформацијата на УКИМ во модерен европски универзитет, како што рече таа, ќе се остварува со јакнење на капацитетите со кои располагаме, а тоа сите членови на нашата академска заедница – наставниците, научниците, студентите, администрацијата, традицијата на создавање на врвни вредности и интернационализацијата.

Едни од клучните елементи за идниот развој на најстариот универзитет во земјава, според неа, се развојот на универзитетско претприемништво, создавање на центри на извонредност и зајакнување на истражувачките и иновативните капацитети на факултетите како клучни фактори на успех за долгорочниот економски развој на земјата.

Можете да прочитате

Затворениците во затворот во Струга започнаа штрајк поради укинувањето на викендите што им следуваат

Јованов возел цик-цак, поминал на две полни ленти – Обвинителот рече дека ќе докаже дека делото е со умисла

Кратка анализа на Кекеновски на Парадата во Москва 2025: Симболика, моќ и геополитичка порака