
Од 35.000 до 60.000 денари месечно Државна лотарија на Македонија им исплаќа на надворешни лица ангажирани за вршење на определени работи, пишува порталот Инфомакс.
Според документите во кои увид имала редакцијата, бројот на тие лица е нешто помал од сто, меѓутоа официјални информации од Државната лотарија на Македонија сѐ уште не добиле.

На списоците во кои увид имал Инфомакс се појавуваат имиња на повеќе познати личности. На пример професорот од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Борче Давитковски, пејачката Аделина Тахири која има и албанско државјанство, режисерот и истакнат активист на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Дамовски, како и инфлуенсерот Кристијан Станковски познат како Бомбакис и поранешниот член на Правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ и дел од тогашното реформаторско крило, Глигор Чатмов.

Голем дел од лицата се на возраст од дваесетина години, а добар дел од нив се членови и активисти на владејачките партии.
Овие лица, според твредањата на порталот ја чинат Државна лотарија над 4 милиони денари месечно.
Целиот текст на следниот линк


