Утрински Весник
Балкан

Продолжуваат протестите низ Србија против намерите за ископ на литиум

20240729082002 Big 730x400 50.webp.webp

Во Србија и денеска продолжуваат протрестите против намерите за ископ на литиум, и според медиумите најавени се протести во Краљево, Шабац, Аранѓеловац и Љиг. Во вторник ќе има протести во Косјериќ и Младеновац. Во изминативе денови протести имаше во Ваљево Лозница, Гроцка, Прељина, Коцељева и Неготин.
Протестите се интензивираа откако Владата на Србија ја усвои Уредбата за утврдување Просторен план на специјалното наменско подрачје за реализација на проектот за експлоатација и преработка на минералот јадарит „Јадар“. Низ државата се организираат и најавуваат протести против Рио Тинто и ископувањето и експлоатацијата на литиум.

Можете да прочитате

Притворен сопственикот на фабриката за бисквити во грчкиот град Трикала за експлозијата во која загинаа пет работнички

Турција се противи на грчкото истражување јаглероводори во близина на Крит

Вучиќ: Косовската војска посилна од македонската