Утрински Весник
Култура

Продолжува соработката во културата со Црна Гора, вечерва изложба на дела од Петар Лубарда во Скопје

Продолжува соработката во културата со Црна Гора, вечерва изложба на дела од Петар Лубарда во Скопје

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе оствари билатерална средба со својата колешка, министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Маша Влаовиќ, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на посетата е планирано министерките да потпишат и нова Програма за соработка во областа на културата за периодот 2023 – 2026 година.

Костадиновска-Стојчевска и Влаовиќ, вечер во Музејот на современата уметност во Скопје, ќе ја отворат изложбата на дела од уметникот Петар Лубарда, еден од најистакнатите сликари на територијата на поранешна Југославија од втората половина на 20 век.

Ги покануваме медиумите, новинарите, снимателите, фоторепортерите да ги проследат потпишувањето на Програмата и отвoрањето на изложбата на Лубарда, од 19:30 часот, во МСУ – Скопје.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“