Утрински Весник
Македонија

Продолжува периодот на облачно време со повремен дожд

Vreme 1 E1740294446576.webp.webp

Синоптичарите информираат дека продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Според најавите, денеска и во четврток ќе има изолирана појава, а од петок на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Температурите од недела се очекува да бидат во опаѓање.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.


Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Можете да прочитате

Пронајдено безживотно тело во водите на Вардар

Енес Ибрахим оствари официјална средба со лидерот на ЏХП, Озгур Озел во Турција

Заврши дводневниот стрип маратон „24 часовно цртање на стрип“