Утрински Весник
Економија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

20251119072429 big 730x400 68.webp.webp

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден ќе расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година. 

За Предлог-буџетот се поднесени околу 200 амандмани. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Државата планира 374,7 милијарди денари вкупни приходи, 413,9 милијарди денари вкупни расходи, како и 40,5 милијарди денари капитални инвестиции.

Во Собранието седница ќе одржи и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. На  дневен ред на оваа комисија е Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението во Република Северна Македонија, во второ читање.

Можете да прочитате

Констатирани измамнички трговски практики, рекламирале „0% камата“, а наплаќале дополнителни трошоци

Трипуновски: Од почетотокот на 2026 се исплатени околу 20 милиони евра поддршка за земјоделците

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот