Утрински Весник
Скопје

Продолжува акцијата за собирање кабаст отпад во скопската општина Гази Баба

Viber Image 2024 08 26 09 24 06 734.jpg

Акцијата за собирање кабаст отпад во моментов се спроведува во скопската општина Гази Баба.

ЈП Комунална хигиена-Скопје на следните локации постави специјални садови во коишто жителите на оваа скопска општина можат да го одложат својот кабаст отпад:
1.    ул. Маџари, спроти ресторан „Далиа“, Ченто;
2.    ул. Лазар Поп Трајков, кај месната заедница, Автокоманда;
3.    ул.М.А.Ченто, кај кај месната заедница, Алија Авдовиќ;
4.    ул. Благоја Стефковски, кај КАМ маркет, Триангла.

Во рамките на акцијата за собирање кабаст отпад на ЈП Комунална хигиена-Скопје, досега  беа подигнати и транспортирани 130 кубни метри кабаст отпад во општината Ѓорче Петров, 170 кубни метри во општината Карпош, 130 кубни метри во општината Центар, 150 кубни метри во општината Кисела Вода, како и 80 кубни метри во општината Аеродром.
Од 29 август 2024 година, акцијата ќе започне да се реализира во скопската општина Чаир.

Можете да прочитате

Ќе се гради подземна гаража кај Скендербег, Владата одвои 20 милиони евра

Шесте автобуси на гас стигнаа со правописни грешки на налепниците за ориентација, нарачани се нови налепници

Ќе има ли новогодишно украсување на Скопје: Арсовска на прашањето